Променливото време ова лето придонесе температурата на водата во Охридското езеро да не ја достигне вообичаената температура за овој период од годината.

Со исклучок на претпоследната седмица од јули, во останатиот дел од летото, мерењата извршени од страна на Управата за хидрометеоролошки работи, во утринските часови, покажуваат дека таа изнесува 22.5 степени.

Според прогнозата за оваа седмица, времето во Охрид денес и утре ќе биде променливо со максимална температура од 23 до 24 степени, а од среда потопло. Во втората половина од неделата максималната температура ќе биде од 25 до 27 степени.

Нивото на водата во езерото изнесува 693.60 мнм.

OhridNews