Високите температури придонесоа за брзо загревање на водата во Охридското Езеро. За само една седмица езерската вода е потопла за два степена. Според мерењата извршени утрово, во 7.30 часот, температурата на водата во езерото е 21 степен, поголема од просекот за месец јуни кој изнесува 19.8 степени.
Топло време не очекува и во наредните денови, особено во текот на викендот кога максималната температура на воздухот ќе биде од 25 до 28 степени. Во текот на наредната седмица се очекуваат температури и до 33 степени.
OhridNews