Предлог Заклучок за усвојување на Информацијата за реализацијата на деталниот урбанистички план кај локалитетот Плаошник и Предлог Заклучок за усвојување на Информацијата за текот и постапката за урбанизација на локалитетот Студенчишко блато се дел од точките на дневен ред во рамки на 38-та седница на Советот на општина Охрид, која ќе се одржи денеска.

Советниците ќе расправаат и за Предлог Одлука за усвојување на Планот за управување со отпад на општина Охрид за 2015 – 2017 година и Програмата за управување со отпад на општина Охрид за 2015 година; за Предлог Одлука за избор на приватен партнер за јавно приватно партнерство за модернизација, проширување и одржување на системот за јавното осветлување на општина Охрид; за Предлог Одлука за бесплатно сместување во ученичкиот дом при ОУТУ„Ванчо Питошески“ Охрид на учесниците во активности и манифестации од областа на образованието, културата и спортот од значење за општина Охрид; за Предлог Одлука за исплата на долгот на ОУ„Григор Прличев“ Охрид кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија како и за низа точки од областа на урбанизмот.

OhridNews