Околу 4 илјади гледачи во салата “Крешимир Чосиќ“ во Задар немаа среќа да се радуваат на победа на македонската  репрезентација против европскиот првак Данска.

Селекторот на македонската селекција Темелковски им честиташе на своите играчи за големиот успех , но најмногу жали за најдобрите навивачи на првенството на кои не им подари победа и шанса за полифинале.

40 минути бевме рамноправни ни падна концетрацијата промашивме неколку зицери. Данска не контролираше ни побегна на пет голови предност а против европскиот првак таква предност е недостижна– истакна Темелковски.

М.П.