Селекторот на македонската ракометна репрезентација Илија Темелковски, после големата победа во мечот со Русија на прес конфернцијата рече:
– Ако бев среќен после победата над Полска, сега сум пресреќен. Донесовме голема радост на нашата земја и сакам посебно да им се заблагодарам на нашите навивачи кои не бодреа од трибините – изјави селекторот Темелковски.
Рускиот помошен тренер Јури Кијаев, на прес конференцијата после натпреварот им ја честиташе победата на Македонија и им посака успех во следните натпревари.
– Им честитам на Македонија за големата победа. Заслужено ги освоија бодовите кои им обезбедија пласман во вториот круг, и јас им посакувам многу успех во следните натпревари– изјави Кијаев.