Охридските ракометари ставија точка на победничкиот низ на Тинекс Пролет во „Билјанини Извори“ победувајќи ги „од трета среќа“ со 29-27 во претпоследната рунда од Супер лигата.

Само пофални зборови за мечот имаше гостинскиот стратег Илија Темелковски кој сезонава два пати мораше да пушта рака на својот добар пријател и ривал Горан Андоновски.

– Во пролетната полусезона од меч во меч играме се подобро и подобро. Успеавме да го совлада Вардар Јуниор во Кале, испуштивме добиен меч со Работнички и истото ни се случи и против Охрид. На егал 26-26 промашуваме зицер позиција од контра напад кој ако го реализираме ќе ги свртевме работите на наша страна. Искрено, јас сум задоволен од моите ракометари и од нивното ангажирање. Понудивме добар ракомет во меч кој немаше резултатско значење. – рече Илија Темелковски.


Охрид и Тинекс Пролет во спротивен правец ќе ги продолжат мечевите од Супер лигата. „Гладијаторите“ ќе бидат дел од плејофот додека „пролетерите“ ќе се борат за опстанок кој реално не им е доведен под знак прашалник.

– Охрид не заслужува суперлигашки туку европски ракомет. Охрид има преубава сала, има добра публика, има атмосфера за играње на добар ракомет. Јас им посакувам многу среќа во плејофот бидејќи ќе им треба во мечевите кои живот значат. За квалитетот на Охрид во Супер лигата нема потреба многу да зборуваме. Не победија нас двата иако ние барем сезонава не сме некој репер за квалитет, но секако е добар резултат. – додаде Темелковски.

Конечно, Тинекс Пролет поразен во Охрид

Фото: Емилио
Мх.П.