Србија е противникот на Македонија на последниот натпревар од главната фаза на СП во Хрватска.

Селекторот Темелковски ги прави последните подготовки и анализи како да се совлада нашиот северен сосед.

Мораме да обрнеме внимание на нивната последна линија. Таму се многу добри и имаат искусни бекови кои знаат да шутираат од бековските позиции. Мора да внимаваме на нивната брза контра. Мислам дека со 5-1 можеби ќе можеме да ги запреме бековите – смета селекторот Илија Темелковски

Натпреварот Македонија – Србија се игра од  15.30 часот.

ohridnews