Ракометарите на Тинекс Пролет го продолжија походот кон пласман во плејофот во Суперлигата победувајќи го Охрид со 28-21 во мечот да се биде или не.
– Натпреварот го отворивме многу лошо. Со промена на одбраната од (6-0) на (5-1) го успоривме темпото на играта и фативме резултатски приклучок. Потоа игравме стрпливо во напад постигнувајќи изработени погодоци, но имавме осцилации кои Охрид ги искористи да се врати во игра. Сите поуки кои ги извлековме од првиот дел ги искористивме во вториот, а во тоа ни помогна и гостинскиот состав, кој имаше брзи и непромислени шутеви. Се надевав на победа, но не очекував волку голема. – рече стратегот на „пролетерите“ Илија Темелкоски.
Сезонава, охридските ракометари два пати претрпеа пораз од Тинекс Пролет во натпреварите од Супер лигата.
Фото : „24ракомет.мк“
Мх.П.