Второпласираната екипана табелата Тинекс Пролет потешко од очекувањата победа 18-17 (12-10) на гостувањето во Охрид во 13-та рунда од Супер лигата. „Белите“ до целиот плен стигнаа благодарание на голманот Цветкоски, кој го спречи ударот на Андоновски со звукот на сирената.
– Сакам да им честитам на моите ракометари за победа и на домашните кои одлично не пречекаа и беа вистински џентлмени покрај поразот. Ме радува вака кога гледам полна сала и публика која бара победа од своите миленици. Од оваа победа извлеков голема поука , а тоа е дека мојата екипа не подпадна под никаков психолошки притисок кога беше тесен резултатот – рече тренерот на Тинекс Пролет, Илија Темелковски.
Мх.П.