Екипата на Тинекс Пролет со погодок во последните мигови од мечот ги „зграпчи“ бодовите од мечот со Охрид победувајќи 25-24.
– Да бидам искрен не очекував дека ќе победиме во Охрид. Не, по оние два порази наши и две победи на Охрид. Но, морам да ги пофалам моите играчи кои покажаа карактер кога најмногу требаше. – рече гостинскиот стратег Илија Темелкоски и додаде – И кога губевме не се предававме. Искористивме нивни грешки во нападот и мислам дека на крајот ја заслуживме победата.
Со бодовите од Охрид ракометарите на Тинекс Пролет стигнаа до деветтиот сезонава додека „гладијаторите“ останаа на десетте.
Мх.П.