Околу 23 ч. на аерoдромот „Александар Велики“ во Скопје пристигна  хеликоптерот на АРМ со кој во Македонија беше донесено телото на музичката ѕвезда Тоше Проески.


Тоше на своето последно патување

Посмртните останки на Тоше беа дочекани со највисоки државни почести.

На церемонијата покрај членови на најтесното семејство на Проески, присуствуваа и премиерот Груевски и членови на владата.


премиерот Груевски и министрите од владата му оддадоа почит на Тоше

Со специјално армиско возило во придружба на членови на семејството и на вицепремиерот Живко Јанкуловски телото на Тоше ноќва ќе биде однесено во Крушево, каде утре во 13 ч. ќе се одржи погребот.

ohridnews
фото: МИА