Телото на исчезнатата швајцарска репрезентативка и фудбалерка на Јанг Бојс, Флоријана Исмаили е пронајдено на дното од езерото Комо на длабочина од 204 метри. Во потрагата по телото на Исмаили која исчезна во саботата под мистериозни околности беше уклучен специјален робот.

Според очевидците, несреќната фудбалерка скокнала во водата и не излегла, првите обиди да се пронајде не биле успешни а потоа бил викнат на помош робот кој безживотното тело го пронашол на дното од езерото.

  • Фудбалската федерација на Швајцарија изразува сочуство до семејството на Исмаили. На најблиските им посакуваме многу сила да ја пребродат оваа несреќа. Се што е во наша моќ ние ќе направиме и ќе и оддадеме почит на нашата репрезентивка. – стои во соопштението од швајцарската федереција.

Исмаили со 24 години запиша 33 настапи за репрезентацијата на Швајцарија а беше една од најдобрите фудбалерки на Јанг Бојс.

OhridNews