Братот на српскиот турист кој настраада во тепачката што во  петокот вечерта се случи во центарот на Охрид, по идентификацијата и завршувањето на потребните формалности, го презеде телото на убиениот Дејан Новаковиќ, кое попладнево со специјално возило беше испратено за Белград. На церемонијата присуствуваа претставници на локалната самоуправа и граѓани на Охрид кои изразија сочувство на семејството на трагично починатиот Дејан, кое побара од македонските власти праведно да се казнат сторителите на делото.

Би сакал ова никогаш повеќе да не се повтори и вашето обвинителство и полицијата да си ја завршат својата работа како што треба. Не постои причина да има омраза помеѓу македонскиот и српскиот народ. Јас не ќе можам да дојдам во Охрид за да не ми поминат некои стари спомени и лоши слики низ главата, што не значи дека догодина Охрид нема да биде полн со српски туристи, нормално доколку ваквите дела се казнат.Задоволен сум од трудот на полицијата и инспекторите и единствено замерувам што полицијата не била во близина на местото каде се случила несреќата кое е познато по проблеми. Благодарен сум на градот Охрид кој сега ќе го напуштам, изјави на заминување од Охрид, Ненад Новаковиќ, брат на убиениот српски турист.


Ненад го презеде телото на трагично настраданиот брат Дејан

OhridNews