Телото на пилотот на американскиот ловец F-16 кој се урна во понеделникот навечер пред италијанскиот брег на Јадранското Море, е пронајдено во четвртокот, објави агенцијата ANSA, пренесува „Макфакс“.

Телото е пронајдено околу 14 часот по локално време, на четири наутички милји пред Пескара, во источна Италија. Идентификувано благодарејќи на униформата, а телото италијанската крајбрежна стража го пренесла во пристаништето во Пескара.

Ловецот F-16 во формација со другите  американски борбени авиони полета од базата Авиано, северно од Венеција на тренажен лет во понеделникот навечер.

Во формацијата имало уште три летала кога пилотот јавил дека се јавил проблем. Пилотот на авионот кој летал во тандем со него го слушнал повикот за помош на колегата, но не видел каде почнал да понира авионот бидејќи четирите воздухоплови не се наоѓале блиску една до друга.

Потрагата се одвиваше во областа пред јадранскиот брег на покраината Емилија-Ромања. Во средата навечер рибарски брод го пронајде шлемот на пилотот,а претходно во истата зона беше пронајден и падобранот.

OhridNews
извор:„Макфакс“