Со највисоки почести и воена гарда во присуство на претставници на државата и дипломатскиот кор, денеска од Аеродрмот во Охрид со приватен авион телото на поранешниот прв министер на Владата на Шкотска Алекс Салмонд беше испратено во Велика Британија.
Британскиот сервис Би Би Си кој во живо го проследи настанот пренесе дека приватниот авион што го носит телото на Салмонд дома, го обезбедил бизнисменот Сер Том Хантер. Авионот ќе слета во Абердин Шкотска.
Церемонијата се одвивала според протокол на Министерството за надворешни работи за вакви ситуации, а ја спроведоа ДСЗИ ПО Охрид, погребалното претпријатие „Мирен Сон“ од Охрид специјализирано за вакви случаи кое професионално се погрижи за телото на на Салмонд до транспортот во Шкотска и погребалното претпријатие „Albin International“ од Англија.
На испраќањето на ковчегот со посмртните останки на Салмонд присуствувал и поранешниот претседател на државата Ѓорѓе Иванов, покровител на Школата за млади лидери што се одржува во Охрид на која на 12 октомври почина екс првиот министер на Шкотска кој учествувал на настанот како панелист.
Г.М.