Од смрта на Тоше поминаа повеќе од две и пол години, а Панајотовиќ ни ден денес не може да поверува дека него го нема. Тој раскажува како Тоше со криење јадел плескаваци и дека пред него секогаш тие го пробувале сокот. Исто така навел дека најголемата љубов на Тоше се уште го посетува неговиот гроб.
– Со Тоше бев во последните три години од неговиот живот. На неговиот последен настап, 10 дена пред трагедијата го замолив еднаш во животот и јас да го одслушам неговиот концерт. Му реков ““секогаш сум позади сцената , сакам еднаш да те гледам и да те слушам во публиката. Не ми дозволи ми рече „ Осеќам нешто лошо, имам трема, те молам остани позади , тоа би ми значело многу“ открива телохранителот на Тоше.