Престојот на Ријана во Лондон минатата седмица не минал без инциденти. Нејзиниот телохранител остро реагирал кога еден од фотографите премногу и се приближил на пејачката. Неговото приближување воопшто не му се допаднало на обезбедувањето, па несреќниот папарацо поради овој гест добил удар. И тоа не била единствената тепачка која се случила поради убавицата од Барбадос.

Неодамна во еден клуб во Њујорк поради неа се степале Крис Браун и Дрејк. Крис сега бил загрижен поради сите оние кои биле повредени во инцидентот, па им упатил извинување. Меѓу случајните жртви на тој инцидент се нашол и кошаркарот Тони Паркер, кој тогаш се здобил со повреда на окото.