Телохранителот Мет Фидс наскоро би требало да го промовира своето студио за боречки вештини. Тој е еден од телохранителите на починатиот крал на попот, Мајкл Џексон. Тврди дека е татко на малиот Бланкет, со вистинско име Принц Мајкл Џексон.


Имено тој бил донатор на спермата со која бил зачнат синот на Мајкл. Своите тврдења Мет ги изнел на австралиската телевизија. Рекол дека за својата донација добил огромно богатство. Покрај што му бил телохранител, Мет му бил и многу близок пријател на Мајкл.