Телохранителите на популарната водителка Опра Винфри која моментално е во Индија, приведени се од страна на индиската полиција поради инцидент со новинарите од една национална телевизија. Опра во Индија го снима новото шоу “Oprah’s Next Chapter”.
Во еден момент дошло до кавга помеѓу обезбедувањето на славната водителка и новинари, а полицијата привела тројца од обезбедувањето, бидејќи ја оштетиле опремата на локалната новинарска екипа.