Прекрасната 25-годишна манекенка Кендис Свонпул објавила фотографија на која малку што остава на фантазијата. На нејзината линија завидуваат многумина, па не е ни чудо што овој ангел на Викторија Сикрет гордо ја покажува. Заводливата манекенка објавила фотографија на Инстаграм на која се сокрила зад лист од палма за време на туширање. На себе има само бикини.

За уште подобар впечаток, Кендис е насмевната до уши, и со тоа целосно ги маѓепсала своите фанови. Според нејзините последни фотографии на Инстаграм можеме само да заклучиме дека оваа убавица едвај чека лето и секојднево го покажува телото на кое работи преку целата година.