Телото на морнарот кој исчезнал во близина на еден мал остров на кој бил снимен еден од филмовите „Ајкула“ било пронајдено токму во утробата на една ајкула. Не се знае дали тој бил жив кога ајкулата го проголтала. Тој бил на патување со своите колеги кога дошло до проблеми со моторот на бродот.


Тој и еден негов пријател се одлучиле да отпливаат до брегот и да побараат помош. Оттогаш никој не ги забележал. На почетокот на септември, во близина на островот, била уловена тигреста ајкула долга повеќе од 3,5 метри. При нејзиното извлекување на палубата од нејзината уста се појавила човечка нога. Подоцна се воспоставило дека во нејзината утроба се наоѓа телото на несреќниот морнар.