Скапите телевизиски преноси уште поскапо ги плаќаат спонзорите. Така е и на Европското првенство што се игра во Охрид и Скопје. Женскиот ракомет сеуште најдобро се продава во Скандинавија, а како и нема кога Норвешка е на врвот со години, а тука некаде е и Данска која е во блага стагнација. За натпреварите на овие две репрезентации теренот посебно се подготвува. Данците имаат едни, а норвежаните други телевизиски спонзори. Поради тоа многу работа имаат луѓето од продукцијата која ги има тв правата од ЕП. Веднаш по завршувањето на средбата Украина – Данска мобилните екипи го прелепија со реклами теренот во салата „Билјанини извори“, а променети беа и дел од страничните паноа, за да се задоволат обврските кон норвешките спонзори. Money talks!
Едни реклами за Данска, други за Норвешка