Здружението на телесно инвалидизираните лица од Охрид денеска се всели во просториите што за нивна активност ги обезбеди локалната самоуправа. Просториите се наоѓаат во една од бараките во кои беше сместена дирекцијата на ГП „Гранит“.
телесно инвалидизираните лица добија времени простории
Со добивањето на овие простории Здружението на телесно инвалидизирани лица ќе може подобро и поорганизирано да ги реализира своите активноти, истакна претседателот на здружението, Венко Голабоски…..
Клучевите од просториите на претседателот на Здружението на телесно инвалидизираните лица од Охрид му ги предаде градоначалникот Александар Петрески. Тој истакна дека ова е само почеток на една подобра соработка помеѓу општината и невладиниот сектор кој на овој начин се стекнува со простор каде ќе може да ги обавува своите активности. Петрески истакна дека Здружението на телесно инвалидизираните лица од Охрид овие простории ги добива како времено решение со оглед на тоа дека споменатиот комлекс каде се сместени бараките со новите урбанистички планови ќе биде пренаменет. Проблемот со долготрајно обезбедување за активностите на ова здружение наскоро ќе биде решен од страна на локалната самоуправа, рече Петрески…..
Здружението на телесно инвалидизираните лица од Охрид има преку 100 членови, но реалната бројка е многу поголема, велат од здружението. Со добивањето на времените простории здружението ќе може да го консолидира членството и да ги реализира активностите што се од нивни интерес. Во тој контекст локалната самоуправа најави реализиција на повеќе проекти за обезбедување пристап на телесно инвалидизираните лица до јавните институции, но и насекаде во градот.
Горан Момироски
Васко Бујароски