Телеком Словенија е нов сопственик на мобилниот оператор „Космофон“. Словенците за влез на македонскиот пазар ќе платат 190 милиони евра, а деталите околу иднината на вработените и идното работење на мобилниот оператор дополнително ќе бидат соопштени.
На тендерот за продажба на “Космофон“ покрај “Телеком Словенија“ учествуствуваа и турските компании “Турк-телеком“ и “Турк-сел“.
До продажба на вториот по големина мобилен оператот во Македонија дојде по налог на антимонополската комисија, откако „Дојче телеком“, кој е сопственик на “Македонски телеком“, го купи грчки „Оте“ кој е сопственик на „Космофон“.