“Во најголем број од ваквите квизови или наградни игри, цената на повикот за учество е напишана со многу ситни и незабележливи букви и не е формирана заедно со ДДВ”вели Катерина Павловска, советодавач во бирото. Таа додава дека ваквиот начин на истакнување на цената не е во согласност со постоечката законска регулатива. Освен ова, појаснува Павловска, нејаснотии има и во врска со пропозициите за учество, со правилата на играта, но и со транспарентноста во објавените резултати.
Потрошувачите кои што се обраќаат во охридското Советодавно биро се жалат и дека се наведувани повеќепати да се јавуваат, но не ретко се ставаат и на листа на чекање. Како резултат на тоа, остануваат без посакуваната награда, а добиваат и енормно високи телефонски сметки.
“За да ги заштитиме потрошувачите од можните злоупотреби, им препорачуваме да поднесат барање до Македонски телеком за забрана на сообраќај кон комерцијалните услуги во МТ( 141 ХХХ и 149 ХХХ), кое е бесплатно”, вели Павловска и потсетува дека и корисниците кои во изминатиот период имале забрана за повикување на линиите 050 и 059, доколку сакаат да имаат забрана и за комерцијалните линии 141 и 140, треба да го обноват барањето.