Претседателот на Украина Володимир Зеленски и германскиот канцелар Олаф Шолц денеска побараа повлекување на руската армија од Украина со цел конфликтот да се реши по дипломатски пат.

Зеленски и Шолц во телефонски разговор дискутирале за понатамошната поддршка на Берлин за Киев. Оценувајќи ги разговорите како „продуктивни“, Зеленски на Твитер напиша дека разговарале за „ситуацијата на фронтот, натамошниот притисок врз Русија, зголемените санкции, изгледите за мир“.

Ја цениме поддршката на Германија, вклучително и одбранбената. Сметаме на понатамошната помош од Германија на патот кон полноправно членство во ЕУ, напиша Зеленски.

Официјалниот претставник на германската влада Стивен Хебестрај изјави дека за време на разговорите меѓу Зеленски и Шолц била изразена неопходноста Русија да ги прекине непријателствата за да се реши конфликтот по дипломатски пат.

Канцеларот денеска повторно разговараше за воената и хуманитарната ситуација со Зеленски. Тие јасно ставија до знаење дека дипломатското решение (на конфликтот) преку преговори може да биде само под услов веднаш да престанат руските непријателства и армијата да се повлече, напиша тој на Твитер.

OhridNews