Јужноафриканецот Андре Ван Зијл не ја спушта телефонската слушалка се со цел да постави нов светски рекорд за најдолг телефонски разговор. Овој 63 годишен маж, кој последните 30 години живее со ХИВ, има намера да раговара на телефон до сабота напладне. Освен што ќе собори светски рекорд, негова цел е да го повлече вниманието кон јавноста за сидата. Ван Зијл одговара на телефонските повици кои пристигнуваат на 7 телефони кои се поставени во шопинг центарот во Преторија.

„Големо ми е задоволството бидејќи правам нешто добро. Тоа луѓето го забележуваат“ изјавил Андре за време на телефонскиот разговор кој траел 38 часа. Тој за да оствари ова се ослонува на поддршката од семејството и пријателите од фејсбук. „КОга тие ми звонат, јас им се јавувам ним“ објаснува тој. Според Гинисовата книга на рекорди, сегашниот рекорд за најдолг телефонски разговор е 54 часа и 4 минути. Ван Зијл меѓудругото тврди дека до сега има соборено неколку необични рекорди, меѓу кои и 345 часа играње на диско музика и 13 дена седење во џакузи.