Ова, како што пренесува „Макфакс“, денеска го соопшти Владата на Македонија, додавајќи дека двајцата премиери истакнале отвореност за што е можно побрзо решавање на прашањето за името, а беше истакната и подготвеноста од двете страни за остварување на директни средби и контакти во идниот период.
Премиерот Груевски, како што се наведува, го информираше грчкиот премиер дека нема да учествува на Конференцијата во организација на весникот Економист, која ќе се одржи од 28 до 30 мај во Атина.
Од страна на грчкиот премиер Папандреу беше искажано разбирање за неучеството на премиерот Груевски на оваа Конференција, се наведува во соопштението на владата.
извор: „Макфакс“