Британецот Џон Лонг направил од стара телефонска говорница тоалет, и на тој начин и пронашол практична и корисна намена. Пензионираниот трговец за неколку месеци успеал да ја преуреди внатрешноста на говорницата и ја опремил со вц школка, лавабо, бојлерче и замаглени стакла.


Рекол дека направил повеќе проекти, но и дека овој му е најдраг. И покрај тоа што во последно време ги има многу малку, црвената телефонска говорница е една од легендарните институции на Велика Британија. Овие говорници почнале да се користат во 1920 година, а ги дизајнирал Сер Гилберт Скот.