Доколку мислевте дека новите мобилни телефони денес се прескапи и дека цените не им се баш реални, погледнете што се може да се најде во Хонг Конг. Во една продавница за луксузна опрема во овој азиски град може да се купи мобилен телефон од злато за 60 илјади долари. Овој телефон од данскиот производител на луксузни предмети „Аесир“ е рачно составен по дизајн на индустрискиот дизајнер Ив Бехар.
Интересно е дека овој телефон нема многу функции кои ги имаат денешниве смартфони, како што се видео снимки, пристап до интернет, GPS навигација и игри. Меѓутоа, она што е негов најсилен адут, но и што му ја дава високата цена, е фактот што ово телефон е направен од 18-каратно злато. Побарувачката за овие телефони експлодирала во Кина во последниве неколку години, посебно меѓу припадниците на новиот бизнис слој.