Седум седмици старото теле Лили, кое има шест нозе, успеало да преживее и покрај лошите прогнози на ветеринарите. Станало вистинска атракција во Швајцарија и сите медиуми пишувале за него. Тоа се отелило во Швајцарија и станало славно откако фотографиите на кои скока по полињата ги исполниле локалните медиуми.

Фармерот Андреас Кнути од Вајзенбург, место кое е оддалечено 30 километри од главниот град Берн, рекол дека не можел да се одлучи да го даде животното на успивање, бидејќи било полно со живот. Кнути додал дека телето, доколку преживее, ќе може да им се придружи на останатите кога ќе одат на пасење на Алпите ова лето.