Италијанските власти покренаа истрага за смртта на 26 тинејџерки чии тела во неделата биле пронајдени во Средоземното Море. Како што објавија италијанските медиуми, се верува дека девојките биле на возраст од 14 до 18 години и дека тие биле мигрантки кои бегале од Нигер и Нигерија и преку Либија се упатиле кон Европа.

Лорена Сичоти, шефица на полицијата во Салерно, каде што биле пренесени телата, за Си-ен-ен навела дека ќе биде извршена обдукција и дека ќе биде истражено дали девојките биле мачени или сексуално малтретирани. Властите треба да најдат и одговор дали девојките се убиени и зошто сите починати се од женски пол.

Спасувачите кои наишле на стравичната сцена рекле дека преживеаните девојки се држеле за остатоци од гумен чамец, а телата на починатите пловеле околу нив.

OhridNews
Макфакс