Прв пат после повеќе од една година ќе се одржи Меѓународен турнир од А класата со физички присуство. Домаќин ќе биде Бугарија која на турнирот „Балткуп Опен 2021“ во Пловдив ќе ги собере најдобрите натпреварувачи од регионов.

Дел од турнирот ќе биде охридскиот клуб „Хва Ранг ИТФ“ Лескоец-Охрид кој ќе настапи со најдобрите теквондисти.

Овој ден кога ќе имаме можност да најавиме турнир во со физичко присуство долго и нетрпеливо го чекавме. Ние трениравме и покрај сите предизивици со кои се соочивме. Подготвени одиме во Бугарија и се надеваме на позитивни исход, – изјави претседателот и тренерот на клубот, Марјанчо Лазаревски.

Од клубот му се заблагодаруваат на генералниот спонзор ПН Метал.

OhridNews