Теквондо клубот „Хва Ранг ИТФ“ почеток на новата сезона ќе означи со организирање на семинар во домот на културата во Лескоец.

Охридскиот клуб на 9 и 10 февруари домаќин ќе биде на семинар кој ќе го води Гранд Мастер, Ким Унг Чол (црн појас 9 дан). Гостинот на охриѓани воедно е и претседател на комисијата за организирање на натпревари во Интернационалната теквондо федерација.

В сабота предвидено е да има два тренинзи и предавање, додека во недела има само еден тренинг мешан со предавање.

OhridNews