Работењето на тренинзите по светски терк, континуитетот и успехот на големите натпреварувања се заштитетн знак на теквондо клубот „HWARANG ITF“ од Лескоец, кој речиси 22 години опстојува на охридската спортска мапа.
– Теквондо HWARANG ITF е формиран 15 август 1992 година, а јас како активен теквондист почнав четири месеци претходно. Името на клубот потекнува од посебната специјална единица во Северна Кореја во која членувале само најдобрите борци, а ИТФ значи интернационална теквондо федерација. – рече Марјан Лазарески.
Теквондото е необичен спорт, кој доаѓа од најделечните земји на истокот. Според старите мајстори спортовите во боречеките вештини на еден начин се религија и начин на живеење.
– Љубовта кон теквондото се роди кога служев во војска. Тогаш во мојата чета дојде Бранко Шобод, кој тогаш беше легенда во боречките вештини и едноставно ме зарази со вештините и трае до ден денес. После растурањето на Југославија во Охрид од Пула дојде Саша Попоски, а јас бев негов гостин на еден теквондо тренинг и реков дека ова е спортот за мене. Мотивите низ години ги црпев токму од Саша, кој немаше турнир,а да не се бори за првите места. – додаде Лазарески.
Клубот брои околу 40-тина членови и 10-тина рекреативци кои се почесто се дел од тренинзите. Финансиите го имаат главниот збор околу учеството на турнири и семинари кои се неопходни за еден клуб, кој се занимава со боречки вештини.
– Во овие финансиски услови е тешко да се опстои. Клубот опстојува од чланарина и слухот на спонзорите ПН Метал и Нома Метал кои несебично го „хранат“ теквондото. Секој семинар или натпреварување независно каде ќе се одржи благодарание на спонзорите ние учествуваме, а кога организираме во Охрид свесно одиме во загуба за промовирање на теквондото. – истакна нашиот соговорник.
Вистинските спортисти и вљубеници во боречките вештини надвор од рингот не ги покажуваат своите квалитети, а ако е така тој не е вистински борец.
– Ако човек се занимава со боречка вештина не значи дека надвор ќе биде агресивен туку треба да биде вистински пример за сите. Во рингот или борилштето се „гине“ за победа, но надвор мораш да го респектираш и почитуваш секого. Со редовни тренинзи и борби спортистот ќе ја преточи негативната во позитивна енергија и ќе биде далеку поисполнет и посреќен. – потенцираше Лазарески.
Преводникот на теквондо клубот „ HWARANG ITF“ е со поделено мислење за формирање на официјална лига, која би се одржувала од март до ноември.
– Официјален македонски шампионат нема, а сите клубови од Македонија се уште се бориме за статус во Агенцијата за млади и спорт. Често се среќаваме и се натпреваруваме меѓу нас. Секако дека недостасува официјална лига, со тоа ќе ни се зголеми квалитетот, но и трошоците кои паѓат на грб од клубот. – заврши Лазарески.
Во својата натпреварувачка кариера Лазарески има освоено многу медали и дипломи, а најголемо достигнување е второто место на Светското првенство во Прага 1996 година во кик бокс слободен стил до 70 килограми.
Михаил Постоловски