Теквондо клубот Хваранг Фист во кафе барот Инстикт ги прогласи најдобрите за годината што изминува. Клубот со соопштение информира за своите настапи, резултати и проблемите со кои се соочува во текот на една календарска година.


Одминува уште една успешна година,во која ние како клуб успеавме да покажеме дека трудот кој го вложуваме во сала и надвор од неа,се исплатува и резултатите се се поголеми од година на година.

Оваа година ја започнавме со семинарот во февруари во организација на ТКД клубот Хваранг ИТФ од Лескоец и Македонската Теквондо Федерација,под раководство на сениор гранд мастер Ким Унг Чол 9 дан.На овој семинар еден од нашите членови,Јованоски Борче полагаше и положи за црн појас 1 дан,со што се зголеми бројот на црните појаси во клубот на 7.

На Меѓународниот турнир Скопје Опен верзија ВТФ во месец Јуни,покрај 12 клубови и 180 натпреварувачи,ние учествувавме со 7 натпреварувачи освојувајќи 1 злато(Тамара Велјаноска),1 сребро(Дамјан Карадакоски) и 3 бронзи(Климент Ставрески,Александра Нестороска и Елена Симоноска).

Во август месец од 24 до 31 во Пловдив се одржа 19-то Светското теквондо првенство за сениори,каде Македонија имаше своја репрезентација.Во оваа репрезентација имаше и 2-ца наши членови,Климент Грозданоски и Борче Јованоски,двајцата црни појас 1 дан.

Турнирот во Подгорица во Црна Гора во септември,кој ни беше многу важен за освојување бодови за стипендии во Агенцијата за млади и спорт,го пропуштивме поради финансиски причини,а со тоа двајца наши натпреварувачи ја изгубија трката за стипендии за само неколку поени.

Во месец октомври на меѓународниот турнир Језберни во Унгарија,учествувавме со 4 натпреварувачи освојувајќи 1 злато(Филип Јосифоски јуниори борби) и 1 бронза(Дејан Латиноски борби кадети).

Следуваше турнирот во Кула Србија на почетокот на Ноември,каде заедно со клубот Хваранг ИТФ од Лескоец отпатувавме со сопствен превоз со 4 натпреварувачи,а се вративме со куп медали.Филип Јосифоски злато борби-јуниори,бронза борби-сениори,злато форми-сениори,сребро форми-јуниори со што стана најдобар јуниор на турнирот.Тамара Велјаноска,злато борби кадети,сребро форми до 3 куп.

Следуваше отворениот теквондо турнир ФАЛКОН 2015,еден од најјаките турнири во Европа.

Во друштво на 450 натпреварувачи од клубови од 7 држави ,во 5 категории,деца,кадети јуниори,постари јуниори и сениори,Хваранг Фист зеде учество со 6 натпреварувачи:

1.Јосифоски филип – 3 место борби стари јуниори до 63 кг и 3 место екипно борби 

2.Симоноски Кирил – 3 место екипно борби

3.Карадакоски Дамјан – 2 место борби пионери до 35 кг

4.Велјаноска Тамара – 2 место борби кадетки до 60кг

5.Јованоска Ангела – 2 место борби млади јуниори +70 кг

6.Нестороска Александра 2 место борби постари јуниори +70

За прв пат нашите јуниори настапија и во категорија тим спаринг (5 /5) заедно со натпреварувачите од теквондо клубот Хваранг ИТФ Лескоец,притоа освојувајки го третото место и бронзениот медал.

Следен турнир беше Лозница опен во Србија,каде учествувавме со 3 натпреварувачи и освоивме 6 медали

-3 место форми-јуниори Филип Јосифоски

-3 место форми сениори Филип Јосифоски

-1 место Јуниори – борби Филип Јосифоски

-1 место сениори – борби Филип Јосифоски

-3 место пионери1 – борби Михаил Иваноски

-3 место пионери2 – борби Дејан Латиноски

Филип Јосифоски повторно беше прогласен за најдобар јуниор на турнирот.

За крај на натпреварувачката година следуваше турнирот во Тирана ,Албанија каде учествувавме со 5 натпреварувачи.

Елена Симоноска освои 2 златни медаљи во борби и форми во јуниорки,

Тамара Велјаноска го освои првото место во борби пионерки и второто место во форми исто така пионерки 12-14 години.

Василија Јовчески кој за прв пат настапува и со 3 победи го освои 1 место во борби категорија пионери 12-14 години.

Доминантен повторно на теренот беше нашиот претставник во јуниори,Филип Јосифоски кој освои 3 златни медали во борби,форми и специјални техники(удари во скок на висина +2,30м),и 1 сребро во тест на сила(кршење даски),со што го освои и пехарот за најдобар јуниор,и само потврди дека во моментов е најдобар во државава во својата класа. 

Се на се повеќе од успешна натпреварувачка година.Напоменуваме дека работиме исклучиво со сопствени средства,чланарини и лични средства од родителите.

Меѓутоа,ова не е се кон што се стреми нашиот клуб.Главна цел,покрај создавањето на успешни натпреварувачи е создавањето на здрава,чесна,почитувана и принципиелна младина која утре ќе придонесе за подобра иднина.

Делењето на спортовите на мали и големи е најголема глупост која може да ја направи само некој кој во животот спорт гледал само преку ТВ или читал за тоа во новина.

Самото излегување на натпреварувачот на теренот за борба,пред противникот е херојско дело кое мал број го доживеале или ќе го доживеаат,притоа носејќи го товарот на одговорност на тие што ги претставува,себеси,клубот,градот,државата, а сите знаеме дека нема мали и големи херои туку само херои.

Сосема за крај,се гордеам со сите мои ученици од 1993 до денес,затоа што знам дека сите тие се интегрирани во општеството со правилно оформена личност која се темели врз принципите на теквондото;

Најдобрите за 2015 година :

Најдобар пионер за 2015 – Дамјан Карадакоски

Најдобар кадет за 2015 – Василија Јовчески

Најдобр кадетка за 2015 – Тамара Велјаноска

Најдобра Јуниорка за 2015 – Елена Симоноска

Најдобар Јуниор за 2015 – Филип Јосифоски

Најдобар Натпреварувач за 2015 – Јосифоски Филип 

Ohridnews