Викендов во Зрењанин, Р. Србија, се одржа 11-то издание на „Зрењанин Опен“, во организација на Српската теквондо федерација и Теквондо клубот Зрењанин. Настапија над 800 натпреварувачи од 9 земји во сите тежински категории, меѓу кои и 6 претставници од Теквондо клубот Хваранг Фист од Охрид, кои остварија одлични резултати:

  • Петар Петкоски 2 место борби пионери до 27 кг
  • Филип Јосифоски борби сениори 3 место до 68 кг
  • Ѓорѓи Петкоски 3 место борби кадети до 33 кг
  • Сара Ническа 3 место борби кадетки до 37 кг
  • Јована Јовческа 3 место борби кадетки до 55 кг

 

Успешен турнир имаше и Стефан Јосифоски кој беше судија на натпреварите.

Повеќе од успешен настап на нашите членови, имајќи ја предвид долгата пауза помеѓу натпреварите и ситуацијата со корона кризата. Следува напорна сезона во која ќе пробаме да учествуваме и на големите Г1 турнири на кои се освојуваат и бодови за учество на олимписките игри во Париз. – вели Аце Јосифоски, тренер на ТК „Хваринф Фист.

Петмината наши членови се корисници на стипендии од Општина Охрид, за што сме благодарни и докажуваме дека достојно и успешно ќе го претставуваме нашиот град, додаваат од клубот.

OhridNews