Теквондистите од ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид на квалитетниот турнир со меѓународен карактер Србија Опен кој ќе се одржи викендов што доаѓа во Бачка Топола ги започнуваат натпреварувачките обврски во новата сезоната.
На овој турнир теквондо клубот предводен од Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан, поранешен светски вицешампион силите ќе ги одмерат во две дисциплини борби и форми поединечно.
– Веруваме во нашите теквондисти и во нивните квалитети и уште еднаш се надевам дека ќе не пресват во најдобро издание. – рече тренерот Лазаревски.
Како најава на турнирот во Бачка Топола теквондо клубот од Охрид одржа технички семинар на кој имаа можност да учат од професорот Сениор Гранд Мастер, Ким Унг Чол црн појас деветти ден.
Охридскиот клуб на турнирот во Србија ќе настапи без Александар Јованоски, Јана Спасеска и Јане Димов кои стандардно имаат висок пласман на турните на кои учествуваат.
OhridNews