Теквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескоец викендов што измина учествуваше на еден од најсилните турнири во централна Европа во Нитра-Словачка, каде што се натпреваруваа клубови од десет различни земји Чешка, Словенија, Молдавија, Романија, Узбекистан, Србија, Унгарија, Полска и Словачка.
На турнирот натпреварувачите под водство на Марјанчо Лазаревски и Зоран Донев, ја збогатија ризницата на трофеи со 16 медали, од кои 6 златни, 5 сребрени и 5 бронзени. Членовите на охридскиот теквондо клуб се натпреваруваа во три дисциплини, форми, спаринг поединечно и спаринг екипно.
Во дисциплината форми со медали се закитија Миле Климоски – злато (кој златото го испушти претходниот турнир за мала грешка, додека сите други турнири носи злато во оваа дисциплина), Давид Велковски – бронза, Давид Крстески – бронза, Јане Димов – бронза. Во спаринг (борби) поединечно со медал се закитија Елена Јанеска -злато ( 4 по ред во спаринг), Јана Спасеска -злато, Марио Крстески – злато, Давид Крстески – злато, Јане-Димов – злато, Миле Климоски – сребро (беше оштетен во финале од страна на судиите), Божидар Димитриевиќ – бронза, Александар Јованоски – бронза и спаринг екипно со сребрени медали се закитија Антонио Јанески, Христијан Митрески, Божидар Димитриевиќ и Хриситјан Митрески.
Ова е втор турнир за Теквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескоец од каде сите натпреварувачи освојуваат барем по едно одличје со најсветлиот сјај.
– Најголем успех за нас е екипно борби, што тука доаѓа до израз квалитетот на екипата, во финале бевме оштетени од страна на судиите на првата борба со тоа што пресудија нерешено за Божидар Димитриевиќ, иако беше доминантен во борбата. Потоа, Антонио Јанески победи атрактивно, Христијан Митрески изгуби за нијанса и во продложение Божидар пак беше оштетен, а со тоа унгарците го зедоа првото место. Претходно од страна на нашите натпреварувачите беа елиминирани екипите на Молдавија и Чешка. – изјави Марјанчо Лазаревски.
OhridNews