Штипскиот преставник во ракометна Супер лига Текстилец по четири одиграни натпревари нема ниту еден бод на табелата и очекувано се наоѓа на последната позиција.
Текстилец мечот со Охрид в недела на домашен терен го гледа како натпревар на кој може да го освои првиот бод во Супер лигата.
Штипјани не седеа со скрстени раце и веднаш почнаа со задкулисните игри. Прво го закажаа мечот в недела во 14 часот, што е несватливо за натпревар од Супер лигата да се игра во таков термин кога сите спортски арени имаат барем рефлекторно осветлување.
Да не биде само на ова, управата на Текстилец го презакажа мечот точно на пладне (12ч) што е прв термин за одигрување на официјален натпревар според прописите на ЕХФ. Што значи порано неможеше иначе кој знае.
Ракометарите на Охрид за Штип ќе тргнат в недела сабајле околу седум часот. Тие директно од автубос ќе истрчаат на теренот и ќе покажат дека задкулисните игри не носат резултат туку љубовта кон „сино белиот“ дрес.
Мх.П.