Охридските ракометари ја забележаа втората победа во низа, трета вкупно во Супер лигата откако пред своите гледачи во шестата рунда го совладаа штипски Текстилец 21-18 (11-7).

Ракометарите во сини дресови од првата до последната минута го контролираа резултатот и случувањата на теренот, а на гостите не им дозволволија ни да помислат на бодови во Охрид.

„Гладијаторите“ мечот го започнаа одлучно и на стартот направија серија од 4-1, но малку подзастанаа па следуваше „контра удар“ од Текстилец што донесе егал на семафорот 4-4.

По минутата одмор на охридскиот стратег Горан Андоновски одново следуваше гол ревија постигнувајќи погодоци од контра напади и стигнаа до предност од пет голови (10-5) за на одмор да заминат со 11-6.

Почетокот на вториот дел им припадна на домашните ракометари кои реализираа четири погодоци по ред и ја имаа највисока предноста од +9 (15-6).

Но, прерано почнаа да ја слават победата, а гостите носени од голманот Атанасов (19 интервенции) го искористија и полека ја топеја предноста на охриѓани која во 50-та минута изнесуваше 19-16.

Одличниот Крсте Костески на голот од Охрид со бравурозна интервенција го сопре нивниот напад, а неговите соиграчи од контра постигнаа гол по кој победникот беше решен.

Со трите бодови од дуелот со штипските ракометари „сините“ стигнаа до десеттиот бод сезонава додека гостите сеуште немаат победа и остануваат на оној еден од првото коло.

Охрид : Пецаков, Китевски, Костески (12 одбрани), Анѓелкоски 1, Томоски 2, Андоновски 6, Б. Белевски 1, Мирков 1, Трифуноски 4, Тасески 1, Поп Стефанија, Соколов 2, Крстески, В. Белевски 3, Карадимче.

Текстилец : Атанасов (19 одбрани), Пенев 1, Мицев 1, Паневски, Славев 6, Пешовски, Јованоски 3, Ангелов 7, Кипријановски, Арсов.

Фото : „Емилио“

Мх.П.