Во јануари наредната година во музејот Викторија и Алберт ќе биде изложено парче текстил иработено во целост од пајакова мрежа, пренеле британските медиуми. Четири метри долгото платно било иработено од златна мрежа од повеќе од милион женки пајаци собрани на ливадите на Мадагаскар. Околу 80 лица минале пет години собирајќи ги пајаците, а потоа уште четири на изработката на платното.


Според зборовите на научниците, пајакова мрежа не била користена за изработка на некое парче облека уште од 1900 година, кога слично парче текстил било направено за изложба во Париз. Најстариот случај за изработка на текстил од пајакова мрежа е од 1709 година, кога французинот Франсоа-Ксавиер де Сен Илер направил ракавици и чорапи за кралот Луј 14.