Чарлс Реј Фулер (21) од северен Тексас планирал да создаде една навистина голема музичко-издавачка компанија, бидејќи минатата недела е уапсен при обид да реализира чек од 360 милијади долари, велејќи дека сака да започне бизнис со издавање плочи.
Благајниците во банката во Форт Ворт веднаш се посомневале кога виделе граѓански чек со 10 нули, известиле во петокот америчките медиуми.
Фулер, кој живеел во блиското предградие Краулеј, е уапсен под обвинение за фалсификување и ослободен со кауција од 3.750 долари.
Фулер рекол дека мајката на неговата девојка му дала чек да започне музички-издавачки бизнис. Но работникот во банката кој исконтактирал со сопственичката на сметката, пренесол дека жената му рекла дека на тоа момче не му дозволила да земе чек или да го реализира.
Освен за фалсификување, Фулер е обвинет и за илегално носење на оружје и поседување на марихуана. Полицијата известила дека во џебовите му пронашле 50 грама марихуана и малокалибарски пиштол.