Тексасот во ова време од годината секогаш е најактуелен, така што, што и да изберете нема да згрешите. Тексас јакните се како тренд од осумдесеттите години и оваа пролет доминира на модната сцена. Стилистите ги предлагаат во различни стилови на облекување, бидејќи многу се практични за комбинирање.
Во новите модни линии може да се видат различни модели. Класичните ги има во сите колекции, обично се со рамен крој, со џебови и класична јака. На многумина токму тие им се избор, бидејќи се најлесни за комбинирање.
Оваа пролет се хит и кратките тексас јакни бидејќи најдобро стојат со фустани со различен крој, како и со едноставни маички и панталони. Модерните модели се со нитни и други метални детали, а има и со други украси.
Кога боите се во прашање, еднакво е актуелен и темниот и светлиот тексас, а хит се избелените модели.Актуелните тексас јакни можете да ги комбинирате со кожни мини-здолништа, панталони со принт, долги здолништа.
извор:zenstvena.com