Џинсот во ова време од годината е секогаш најактуелен, така што, било што да одберете, нема да погрешите. Тексас јакната, како тренд од осумдесеттите, оваа пролет доминира на модната сцена. Стилистите ги предлагаат во различни комбинации, така што се многу практични за комбинирање.

Во новите модни линии може да се видат различни модели. Класичните се наоѓаат во сите колекции, обично се со рамен крој, со џепови и класична крагна. На многумина токму тие им се избор, бидејќи се најлесни за комбинирање.

Оваа пролет хит се кратките тексас јакни кои најдобро стојат со фустани од различен крој, како и со едноставни маици и панталони. Модерните се модели со нитни и други метални додатоци, како и оние со светкави детали.

Кога се боите во прашање, еднакво е актуелен и светлиот и темниот тексас, а хит се и испраните модели.
Актуелните тексас јакни можете да ги комбинирате со кожни мини-сукњи, панталони со принт, долги тесни и лелеави сукњи.

 

извор: zenstvena.com