Екипите на Паркови и зеленило спроведоа активности за чистење обраснато зеленило во село Долно Лакочереј и градски парк, плевење на хортикултурни содржини во бетонската жардињера ул.„Булевар Туристичка” и тековно одржување на дрворед по ул. „Партизанска”.
Се интервенира на отстранување на скршена гранка која претставуваше опасност по возилата и пешаците на патот кон месноста Навис. Се продолжи со садење на цветен расад од зимската реколта во бетонските жардињери на пешачката патека од каналот Студенчишта до Горица. Екипите задолжени за одржување на јавната чистота секојдневно го одржуваат крајбрежниот појас и кејот од градското пристаниште до Холандски Парк, информираат од ЈП Охридски Комуналец.
Воедно, додаваат, било извршено генерално чистење и отстранување ниска вегетација од тротоарите на улиците „Галичица“, „Лазо Трпоски“, „8-ми Септември“, „Живко Чинго“ и с. Велгошти.
OhridNews