Тековно и мирно се одвива процесот на гласање од првиот круг за претседателските избори во сите избирачки места на територијата на општините Охрид и Дебрца.

  • До 15 часот излезноста во Охрид е 35, 27 %. Освен двата приговори на лица кои не се најдени во избирачките списоци и лицето кое фотографирало избирачко ливче, други проблеми нема, велат од ОИК Охрид.
  • Излезноста во Дебрца до 15 часот е 40%. Гласањето се одвива мирно. Поднесени се само два приговори од лица кои не се внесени во избирачкиот список, информираат од ОИК Дебрца.

Во Охрид се гласа на 87 избирачки места, а во единствениот избирачки список регистрирани се 51 717 лица. Во Дебрца се гласа на 23 избирачки места, а во избирачкиот список запишани се 3938 гласачи. Избирачките места се затвораат во 19 часот.

Н.С.Ј.