Поранешниот холандски репрезентативец, Робин ван Перси, објави дека ќе се пензионира по завршувањето на сезоната. 35-годишниот играч кариерата ќе ја заврши во неговиот прв професионален клуб, Феенорд.
„Кога ќе ја завршам кариерата? Веројатно, по завршувањето на оваа сезона. Ќе имам 36 години и тоа ќе биде крај на мојата 18-годишна кариера. Од петтата година знам само за фудбал, можеби е време да се повлечам“, рекол Холанѓанецот.
Ван Перси има постигнато 50 гола на 102 натпревара за репрезентацијата. Тој со Холандија играше во финалето на Светското првенство во 2010 година, а четири години подоцна освои бронзен медал на Светското првенство во Бразил.
Кариерата ја започнал во Феенерод, а во 2002 година му се приклучи на Арсенал. Потоа, за 24 милиони фунти, во 2014 година замина во Манчестер јунајтед. Од 2015 година играше во Фенербахче, а минатата сезона се врати во Феенорд.
OhridNews