Мексиканскиот производител на текили неодамна ја претставил, како што се верува, најскапата текила на светот која ќе се продава во шише украсено со платина и дијаманти. Хациендата Ла Капија на пазарот ќе ја лансира текилата стара седум години која ќе ја продава во керамичко шише со волумен од 1,3 литри, прекриено со 4000 дијамант од вкупно 328 карати и слој од платина тежок 2,3 килограми.
Оваа хациенда веќе го држи гинисовиот рекорд за продажба на најскапата текила на светот откако 1996 година продала само едно шише од овој пијалок за 225 илјади долари. Претставниците на овој производител веќе почнале маркетиншка кампања за продажба на прескапата текила во Европа и на Блискиот Исток, а се надеваат дека нивната најнова креација ќе достигне вредност од 3,5 милиони долари.