Тејлор Свифт стана најплатена музичка ѕвезда во 2015 година. Како што наведува “The Sunday Еpress”, пејачката од јануари до почетокот на октомври оваа година заработи неверојатни 317,8 милиони долари, што е повеќе од милион долари дневно. Според наводите на овој весник, Свифт оствари ваков профит благодарение на продажбата на нејзиниот нов албум со наслов „1989“, потоа нејзината светска музичка турнеја, како и спонзорството со Кока Кола и компанијата која го произведува брендот парфеми „Елизабет Арден“.

 

Инаку, Тејлор оваа година одржа 59 концерти на подрачјето на Северна Америка, Азија и Европа и во бруто износ инкасира незамисливи 173 милиони долари. Она што е специфично е дека за три нејзини настапи во Северна Америка оствари профит од 13,6 милиони долари. Медиумскиот аналитичар Мајк Рај изјави дека моментално Тејлор е недопирлива и дека е далеку пред сите.